Низ дистопиското огледало на транзицијата: во потрага по изгубениот идентитет во современата македонска драматиката

  • Деспина Ангеловска Независен истражувач, Париз

Abstract

Оваа студија ќе го разгледува прашањето на репрезентациите и формациите на идентитетот во современата македонска драматика, низ примерите на неколку пиеси на Дејан Дуковски и Жанина Мирчевска. На драмите на Дуковски и Мирчевска во оваа анализа ќе им пристапиме како одраз на една постјугословенска хаотична и насилна (хипер)реалност, следејќи ги во нивото преминување од другата страна на огледалото, во срцето на глобалистичката постисториска дистопија. Врз позадина на еден дезинтегриран и разурнат транзициски пејсаж, нивните ликови, небаре сенишни призвуци на Бекетовите Владимир и Естрагон, талкаат низ празниот град/театар или чекаат заглавени во транзит зоната на меѓународните аеродороми на глобализацијата, во потрага по загубените идентитетски, идеолошки и културни репери. Во еден поствоен, посттрауматски, посткомунистички свет, во кој на транзицијата, како во Бекетовата Крајот на играта, никако конечно да и дојде крајот, деперсонализираните ликови на Друга страна и Празен град на Дуковски, сепак продолжуваат да возат, но во лер, и да верглаат реплики и цитати на празно. Во пиесата на Мирчевска, На дождната страна, длабоко дислоцираните ликови, кои го загубиле најскапоценото и најличното што го поседувале, стануваат предмет на иживување на службениците од Бирото за изгубени работи. Во Ждрело, пак, главниот лик, кој во својата ултралиберална ненаситна лакомост, го изел дури и своето име, небаре некаков Едипов цитат со празен стомак, е во потрага по својот идентитет во шумата на глобалното консуматорско општество во чие лавиринтско срце ќе се сретне со мечката Харибо

References

[1] Dodovski, Ivan. „From Xenophobic Fortress to Dystopian Supermarket, or How Balkan Playwrights Imagine Europe“, in Constructing Europe as a Global power: from Market to Identity ?. Eds. Ivan Dodovski and Stevo Pendarovski. Skopje: University American College, 2011. Print.
[2] Дуковски, Дејан. Драми. Избор, приредување и редакција: Јелена Лужина. Скопје: Култура, 2012. Print.
[3] Esslin, Martin. Le Théâtre de l'absurde. Paris: Buchet-Chastel, 1963, 1992. Print.
[4] Lehmann, Hans-Thies. Le Théâtre postdramatique. Paris: L'Arche l'éditeur, 2002. Print.
[5] Mirčevska, Žanina. Na kišnoj strani, Ljubljana , 2005. Unpublished document.
[6] Mirčevska, Žanina. Ždrelo (2006). Scena 3, Časopis za pozorišnu umetnost 3(2010): 181-194. Print.
[7] Müller, Heiner. Hamlet-machine et autres pièces. Paris : Les Editions de Minuit, 1979/1985. Print.
[8] Panovski, Naum. “New Old Times in the Balkans: The Search for a Cultural Identity,” PAJ
28, no. 2 (2006): 61–74. Print.
[9] Тодорова, Марија. Замислувајќи го Балканот. Скопје: Магор, 2001. Print.
Published
2017-12-10
How to Cite
АНГЕЛОВСКА, Деспина. Низ дистопиското огледало на транзицијата: во потрага по изгубениот идентитет во современата македонска драматиката. Култура/Culture, [S.l.], v. 6, n. 14, p. 28-36, dec. 2017. ISSN 1857-7725. Available at: <http://journals.cultcenter.net/index.php/culture/article/view/263>. Date accessed: 15 oct. 2018.
Section
Macedonian Articles