Погубноста на идентитетот во есеите и романите на Амин Малуф

  • Анастасија Ѓурчинова Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје

Abstract

Трудот ги истражува опасностите кои демнат од прекумерното нагласување на поимот на идентитетот, особено на оној од национална, етничка, расна и верска природа, т.е. ја разгледува „погубноста“ на овој поим, имајќи ја предвид исклучивоста и омразата кои настануваат како резултат на овие разни облици на идентитетски пребројувања. Притоа, недоверливоста кон поимот на идентитетот е преземена од култната книга на Амин Малуф, Погубни идентитети, кадешто овој поим се разгледува како плурален, бескрајно сложен, а единствен токму во комбинацијата на многубројните „припадности“ кои го сочинуваат нашето неповторливо „јас“. Идеите за дезориентираноста и пореметеноста на современиот свет, пренагласените припадности кон одредени колективи, владеењето на идентитетскиот раскол или идентитетскиот натпревар, кои опасно ја загрозуваат демократијата на нашето време и неизбежно поттикнуваат омраза и ксенофобија, сè се тоа теми и концепти кои провејуваат во есеистичкиет книги на овој „хибриден“ француски писател од либанско потекло. На еден чудесно разигран и невообичаено читлив начин, темите на повеќекратните идентитети, извонредно наративно вообличени, ги пронаоѓаме и во романсиерскиот опус на егзилантскиот автор Амин Малуф. Во таа смисла, нив ги истражуваме особено во романите Самарканд, Левантски ѓердан, Спилата на Таниос и Дезориентирани, кои претставуваат една необично функционална смеша од историско-хроничарски, автобиографски, стварносни и фикционални елементи, искомбинирани и испреплетени за да ги доловат нашите многубројни „припадности“, во сета нивна противречност и испреплетеност.

References

[1] Малуф, Амин, Погубни идентитети, Скопје, Матица македонска 2001
[2] Maluf,Amin, Levantski đerdan, Beograd, Laguna, 2004
[3] Maluf, Amin, Leon Afrikanac, Beograd, Laguna, 2005
[4] Maluf, Amin, Taniosova stena, Beograd, Laguna, 2008
[5] Maalouf, Amin et al., A rewarding challenge. Proposals from the Group of Intellectuals for Intercultural Dialogue set up at the initiative of the European Commission, Brussels 2008 http://www.poliglotti4.eu/docs/a_rewarding_challenge.pdf
[6] Maluf, Amin, Poremećenost sveta, Beograd, Laguna, 2010
[7] Малуф,Амин, Самарканд, Скопје, Три, 2010
[8] Maluf, Amin, Dezorijentisani, Beograd, Laguna, 2013
Published
2016-10-01
How to Cite
ЃУРЧИНОВА, Анастасија. Погубноста на идентитетот во есеите и романите на Амин Малуф. Култура/Culture, [S.l.], v. 6, n. 14, p. 18-27, oct. 2016. ISSN 1857-7725. Available at: <http://journals.cultcenter.net/index.php/culture/article/view/262>. Date accessed: 27 apr. 2018.
Section
Macedonian Articles