TY - JOUR AU - Ѓурчинова, Анастасија PY - 2016 TI - Погубноста на идентитетот во есеите и романите на Амин Малуф JF - Култура/Culture; Vol 6 No 14 (2016): Култура / Culture KW - N2 - Трудот ги истражува опасностите кои демнат од прекумерното нагласување на поимот на идентитетот, особено на оној од национална, етничка, расна и верска природа, т.е. ја разгледува „погубноста“ на овој поим, имајќи ја предвид исклучивоста и омразата кои настануваат како резултат на овие разни облици на идентитетски пребројувања. Притоа, недоверливоста кон поимот на идентитетот е преземена од култната книга на Амин Малуф, Погубни идентитети, кадешто овој поим се разгледува како плурален, бескрајно сложен, а единствен токму во комбинацијата на многубројните „припадности“ кои го сочинуваат нашето неповторливо „јас“. Идеите за дезориентираноста и пореметеноста на современиот свет, пренагласените припадности кон одредени колективи, владеењето на идентитетскиот раскол или идентитетскиот натпревар, кои опасно ја загрозуваат демократијата на нашето време и неизбежно поттикнуваат омраза и ксенофобија, сè се тоа теми и концепти кои провејуваат во есеистичкиет книги на овој „хибриден“ француски писател од либанско потекло. На еден чудесно разигран и невообичаено читлив начин, темите на повеќекратните идентитети, извонредно наративно вообличени, ги пронаоѓаме и во романсиерскиот опус на егзилантскиот автор Амин Малуф. Во таа смисла, нив ги истражуваме особено во романите Самарканд, Левантски ѓердан, Спилата на Таниос и Дезориентирани, кои претставуваат една необично функционална смеша од историско-хроничарски, автобиографски, стварносни и фикционални елементи, искомбинирани и испреплетени за да ги доловат нашите многубројни „припадности“, во сета нивна противречност и испреплетеност. UR - http://journals.cultcenter.net/index.php/culture/article/view/262