„Суштествува ли македонска архитектура?“ -архитектонската мисла на Живко Поповски

  • Анета Христова-Поповска Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје

Abstract

Долгогодишната апатија во градењето на теоретски став по чувствителните прашања во архитектонската наука на мисловниот хоризонт на македонската архитектура го остави отворено прашањето за нејзиното „суштествување“, коешто уште далечната 1982 година архитектот Живко Поповски го упати на архитектонската фела, отворајќи го како комплексен теоретски и културолошки проблем со намера да го поттикне креативниот импулс во градењето на автохтон архитектонски јазик како отпор кон влијанијата и трендовите на глобалниот mainstream и како барање за еден вид на самосвесен консензус за тоа, како во нештата коишто се претставуваат како ултимативни вредности, да се пронајдат елементите на изворност? Денес, ова прашање длабоко ја разнишува македонската архитектонска самодоверба и не само што го дерогира нејзиниот идентитетски предзнак, туку го компромитира самото промислување на архитектурата како интелектуална дисциплина. Затоа апелите, критиките и жестоките расправи на овој единствен архитектонски „урбан артикулатор“ кој повеќе од четири децении жестоко и бескомпромисно ја бранеше архитектурата, стануваат повторно актуелни и самобитни, последни и ултимативни шанси за враќање на интелектуалната и креативна архитектонска автономија на овие простори. Од позиција на архитектонски rearguard во овој текст ги актуелизираме архитектонските ставови на архитектот Живко Поповски, обидувајќи се, преку неговиот индивидуален отпор кон хомогенизацијата на масовната култура и неговиот изворен придонес за афирмација на македонската архитектура во градењето на урбаната култура, да проникнеме во духот на автентичниот урбан активизам кај нас.

References

[1] Ж. Поповски, „Суштествува ли македонска архитектура“, во А: Година 1, Бр.1 (1983): 19.
[2] C. Jenks, Modern Movements in Architecture. Penguin Books Ltd., Harmondsworth, Middlesex, England, 1973.
[3] F. Vukić, “Urban architecture” / “O urbanoj arhitekturi”: Velimir Neidhardt : urban architecture / Arhitektura grada. Neidhardt arhitekti, Meandar, Zagreb. (2001): 7.
[4] J. B. Bakema, “Architecturbanism – Total Urbanisation – Labour Union Controlled Society” in: Bakema, J. B., Thoughts About Architecture, Academy Editions, London, St. Martin’s Press, New York (1981): 139.
[5] IBID.
[6] C. Norberg-Schulz, Existence, Space, Architecture. Studio Vista Ltd., London, 1971.
[7] J. B. Bakema, “Architecturbanism – Total Urbanisation – Labour Union Controlled Society” in: Bakema, J. B., Thoughts About Architecture. Academy Editions, London, St. Martin’s Press, New York (1981): 94.
[8] IBID: 140.
[9] IBID. “Total Energy – Total Urbanisation”: 140 – 143.
[10] Č. Dženks, “Vraćanje mestu”: Moderni pokreti u arhitekturi, IRO Građevinska knjiga, Beograd (1982): 354 – 372.
[11] K. Framton, “Place, Production and Scenography: international theory and practice since 1962” in: Modern Architecture, a Critical History. Thames and Hudson Ltd. London (1980):301 – 305.
[12] J. B. Bakema, “Skopje, Yugoslavia (1964) J.M.Stokla” in: Bakema, J.B., Thoughts аbout Architecture. Academy Editions, London, St. Martin’s Press, New York (1981): 62 – 63.
[13] IBID,: 73.
[14] Č. Dženks, “Vraćanje mestu”, Moderni pokreti u arhitekturi, IRO Građevinska knjiga, Beograd (1982): 361 – 362.
[15] C. N. Schultz, Intentions in Architecture. M.I.T Press, Cambridge, Massachusetts, 1968.
[16] D. Grabrijan, Makedonska hiša, prehod iz stare orientalske v sodobno evropsko hišo. DZS Ljubljana, 1955.
[17] В. Малески, „Искажување за педесеттите години во културата“, Избрани дела, книга 5 во монографијата: Денес 1953-1983. Уметничка галерија Скопје, (1983): 11 – 16.
[18] Ж. Поповски, „Архитектонското денес и утре“ во: Македонска архитектура. Музеј на современа уметност, Скопје (1974): 39 – 43.
[19] Ж. Поповски, „За младата македонска архитектура“. ARHITEKTURA, 1981; Ж. Поповски, „Охридска (архитектонска) школа“ во: Аршин 2/1996: 22-29.
[20] Ж. Поповски, „На Скопје со љубов“, програма за изборна капмања за Градоначалник на град Скопје во: Млад борец, 07 11 1990.
[21] B. Hillier, “Architecture as Art and Science” in: Space is the Machine. Cambridge University Press, England (1996): 84.
Published
2016-10-01
How to Cite
ХРИСТОВА-ПОПОВСКА, Анета. „Суштествува ли македонска архитектура?“ -архитектонската мисла на Живко Поповски. Култура/Culture, [S.l.], v. 6, n. 14, p. 145-153, oct. 2016. ISSN 1857-7725. Available at: <http://journals.cultcenter.net/index.php/culture/article/view/277>. Date accessed: 19 june 2018.
Section
Macedonian Articles