Медиумската димензија на идентитетот во меѓународната комуникација

  • Лилјана Силјановска Факултет за Југоисточна Европа, Тетово

Abstract

Профилизацијата и сегментацијата на идентитетот во ерата на постмодернизмот се повеќе ја наметнува потребата од негово медиумско определување кое во исто време претставува причина и последица на взаемниот процес на глобализација и атомизација на општеството во меѓународната комуникација. Медиумските корпорации ги промовираат културолошките компоненти на глобалниот и на локалните идентитети низ поларизација на состојбите изразени преку медиумските феномени – хомогенизација и медиумска разновидност. Американизацијата или вестернизацијата се повеќе станува ретрограден комуникациски феномен бидејќи во себе носи примеси од националните идентитети презентирани преку медиумските јавни сервиси кои во услови на глобализација ја имаат улогата на национален идентификатор со акцент на негување и развивање на националните и културните идентитети. Медиумската димензија на идентитетот во меѓународната комуникација ја одразува културолошката парадигма на интркултурализација на вредностите како интернационационализација и културно себесознание преку валоризација на личните, професионалните и општествените идентитети. Во центарот на вниманието е единката преку нејзината медиумска актуализација како и различните национални, културни, политички и верски групи изразени низ посебните и одделните интереси кои преку синдромот на идентификација и проекција го создаваат колективниот идентитет низ функционалната димензија на полизначноста. Анализите на медиумските содржини во сегментите што обликуваат и презентираат одделни идентитети, како и студиите на случај во меѓународната и меѓукултурната комуникација укажуваат на потребата од редефинирање на концептот на идентитетот што го креираат и негуваат медиумите во меѓународната размена на културните вредности.

References

[1] Bennett,Lance, Globalization, Мedia Market Deregulation and the Future of Public Informatgion, 2000.
[2] Collins, Unity in diversity: the European single market in broadcasting and audiovisual, 1982-1992, Paper Presented to the PICT National Conference,1992.
[3] Јакимовски, Љ. Јавно мислење, масовно комуницирање, информациско општество, 2003.
[4] McQuail, D, Мass Communication Theory: An Introduction third edition, London: Sage,1994.
[5] Morley,D and Robins,K, Spaces of Identity: Global media, electronic landscapes and cultural boundaries, Rotledge: London,1995.
[6] Гиденс,Е, Забеган свет, Скопје:Филозофски факултет,2003 .
Published
2016-10-01
How to Cite
СИЛЈАНОВСКА, Лилјана. Медиумската димензија на идентитетот во меѓународната комуникација. Култура/Culture, [S.l.], v. 6, n. 14, p. 183-191, oct. 2016. ISSN 1857-7725. Available at: <http://journals.cultcenter.net/index.php/culture/article/view/282>. Date accessed: 14 aug. 2018.
Section
Macedonian Articles