%A Панева, Блага %D 2016 %T Образованието и наставата, основна нишка на идентитетот - спрега меѓу јазикот и знаењето %K %X Актуелната состојба во образованието дава јасна слика каков е наставниот процес денес, како се практикува јазикот како важна одлика на идентитетот и колку правилната употреба на јазикот го отсликува знаењето во насока на определувањето на идентитетот. Врската меѓу јазикот и идентитетот е во функција на определување на вредносниот код на единката во средината. Функционалноста на јазикот и на знаењето се манифестира во секојдневниот живот преку начинот на комуникација (писмена и усна) преку правилно усвоената јазична норма. Јазикот го определува идентитетот или подобро кажано тој е идентитет. Негувањето на јазичната култура не треба да биде само во образовниот процес туку и во секојдневното живеење, на тој начин ја добиваме реалната слика за едно општество. Таа колективна вредност знае да ги апстрахира малите разлики на гласовните реализации и да препознае како една фонема е одразена во фонолошкиот систем на македонскиот јазик, која пак, како вредност. Односот меѓу правописот и проскриптивната норма на фонетско-фонолошко рамниште ги дефинира проблемите кои претставуваат одраз на развојните тенденции на македонскиот јазик и како спрега меѓу јазикот и знаењето регистирираат различни реализации на одделните гласови. Тие различни реализации се всушност и идентитетската нишка која се одразува во јазикот и укажува колку е реална и прифатлива, секако, од аспект на правилната употреба. Овој труд има за цел да одговори на прашања кои се поврзани со образованието и наставата каде приоритет се јазикот и знаењето и зошто ова е важно за идентитетските определба. %U https://journals.cultcenter.net/index.php/culture/article/view/280 %J Култура/Culture %0 Journal Article %P 168-172%V 6 %N 14 %@ 1857-7725 %8 2016-10-01