TY - JOUR AU - Величковска, Родна PY - 2015/10/01 TI - Значењето на современите медиуми во собирањето и проучувањето на македонските традиционални пејачки форми по примерот на видеозаписот „Свадбарски обичаи во Осоговието“ JF - Култура/Culture; Vol 5 No 12 (2015): Култура / Culture KW - медиуми, телевизија, усно народно творештво, музичко-фолклорни творби, свадбарски обичаи, обредно пеење N2 - При проучувањето на традиционалните обредно-пејачки форми како дел од усното народно творештво на Македонците, од несомнена важност се податоците кои останале сочувани како белешки за песните во зборниците и снимените аудио и видео записи. Записите објективно го прикажуваат усното народно творештво, но истите не се доволни кога се проучува музичко-фолклорниот текст и неговиот контекст. На самиот текст му се придружува и гласовен запис кој верно ја претставува дикцијата, ритамот, тонот и бојата на интерпретацијата. Видео записите ја претставуваат гестикулацијата и емоцијата на интерпретаторот, во контекст во кој е прикажана обредноста и традиционалното пеење. Без современите медиуми мелопоетските записи би биле недоволни за истражување на основните аспекти на комуникативноста кои можат да се толкуваат како контекст. Медиумите на јавно комуницирање најмногу влијаат врз ширењето на основната идеја на пренесување на музичко-фолклорниот текст, а тоа нуди претстава за презентираноста на музичко-фолклорното паметење по пат на ревитализирачки процеси на музичко-фолклорните содржини. Во овој труд посебно се истакнува улогата на видеозаписот „Свадбарски обичаи во Осоговието“, кој од една страна ја чува усната народна творба од заборав, а од друга ја одзема нејзината темелна вредност, односно усното пренесување од генерација на генерација. UR - http://journals.cultcenter.net/index.php/culture/article/view/194