TY - JOUR AU - Силјановска, Лилјана PY - 2015 TI - Теоретски пристап за медиумите и јавното мислење во плуралистичката комуникациска реалност JF - Култура/Culture; Vol 5 No 11 (2015): Култура / Culture KW - средства, масовна, комуникација, јавно, мислење N2 - Средствата за масовна комуникација во современите општествени промени, особено во ерата на глобализацијата која е потпомогната со техничко-технолошката експанзија и масовната култура, се повеќе заземаат централно место во формирањето на јавното мислење за низа значајни прашања од општествено-политичкиот, економскиот и културниот живот. Поливалентната функција на медиумите од една страна и од друга плурализмот на изборот на медиумски теми, креираат медиумска реалност која во основа ја имаат демократизацијата на јавноста. Но, токму тезата за сестрано информиран граѓанин во услови на масовизација на комуникациските содржини поради дисфункционалност, најчесто на информативната и аналитичката функција на медиумите, ретроградно делува врз критичкото јавно мислење. Девијациите во тој поглед се: канализирање на јавното мислење, манипулацијата и пропагандата. Редукцијата на општествената свест во исто време се одвива на две нивоа сегрегација и унификација, а синдромот на идентификација и проекција преку медиумските содржини, овозможува креирање на фокусирана јавност. Редукцијата на когнитивната дисонанца што како појава исто така е карактеристична во плуралистичката комуникациска реалност се изразува со улогата на масмедиумите во услогласувањето на ставовите и практичните дејствувања на личноста, односно реципиентите. Тоа значи дека доколку медиумските пораки се во функција на побрз општествен напредок тие се прифаќаат со побрз интензитет, со поголема дифузија до најголем дел од публиката и се намалува разликата помеѓу мислењето на публиката за појавата, процесите и постапките што се медиумски третирани и нивното однесување во соодветните практики. Во фокусот на теоретскиот пристап за медиумите и јавното мислење во демократизираната, плуралистичка комуникациска реалност е и ескапистичката употреба на средствата за масовна комуникација. UR - http://journals.cultcenter.net/index.php/culture/article/view/162